vesti24.mk
СВЕТ

Масовна тепачка на Турци и Курди на германски аеродром

ECA

Повеќе од 180 луѓе се вмешаа во судирот на Турци и Курди на аеродромот во Хановер. Четворица се повредени во инцидентот во кој полицијата морала да интервенира со солзавец. До тепачката дошло за време на протестот во кој Курдите извикувале „Ердоган фашист“, а потоа ги нападнале Турците кои чекале лет за Истанбул.

 

Причината за протестот беше офанзивата што турската војска ја почна во саботата против курдските борци во северна Сирија.

Операцијата „Маслинова гранка“ Турција ја иведе со воздушни напади на курдските „Единици за народна заштита“ кои имаат поддршка од САД, а Анкара ги смета за продолжена рака на Курдската работничка партија (ПКК) која во Турција се квалификува како терористичка организација.

Loading...

Related posts