vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Маж се удави кај охридската плажа Сараиште

ECA

Безживотно тело од маж е пронајдено попладнево околу 18 часот во водите на Охридско Езеро во центарот на Охрид, кај плажата Сараиште. Телото е забележано од капачи на длабочина од околу пет метри.

Според првичните информации, станува збор на маж на возраст од околу 60 години. Телото на починатиот го извадиле локалните жители, а на местото на настанот увид извршила полицијата.

извор: аktuelno24.mk

Loading...

Related posts