vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

(ВИДЕО) Мерцедес ја откри цената на S-Class: Пристигнува во јули и ќе чини…

ECA

S-Class, врвот на понудата на Мерцедес, сега освежен, модернизиран и опремен со најновите технолошки достигнувања и новите погонски агрегати, за кратко време ќе пристигне во салоните.

Како што соопшти германскиот производител на автомобили, новиот S-Class на германскиот пазар тргнува со цената од 88,446 евра, а во продажните салони ќе се најде во јуни.

Цената се однесува на S 350 d 4MATIC кој под хаубата има 3,0-литарски 6-цилиндарски мотор со сила од 286 коњски сили, а неговиот најголем обртен момент изнесува 600 Nm. Преку моделите S 400 и S 560, доаѓаме и до најскапата варијанта AMG S 63 4MATIC+ која ќе чини 160,293 евра.

Најмоќниот модел од гамата на S-Class доаѓа со 4,0-литарски 8 цилиндарски мотор кој што развива 612 коњски сили и има максимален обртен момент од 900 Nm.

Мерцедес новиот S-Class го претстави на саемот за автомобили во Шангај.

извор:точка

Loading...

Related posts