АВТОМОБИЛИ

Мерцедес се подготвува за лансирање на нов кросовер… (ВИДЕО)

ECA

На „шпионското“ видео е прикажан прототип на компактен кросовер/SUV автомобил кој што најверојатно ќе го има називот Мерцедес “GLB”.

Се очекуваше дека германскиот производител со лансирањето на моделот “GLA” ги покри сите кросовер/SUV сегменти, но желбата за придобивање на нови купувачи и зголемување на продажбата од година во година го условија менаџментот на Мерцедес да „нарача“ уште едно возило помеѓу “GLA” и “GLC”.

Се претпоставува дека новиот кросовер ќе ја добие ознаката “GLB” и истиот е замислен како семејно возило кое што како опција ќе има и трет ред на седишта. Иако автомобилот на видео снимката има форма на „кутија“, сепак тоа се должи на масивната „камуфлажа“ и јасно е дека тоа нема да биде конечниот дизајн на новиот модел на Мерцедес.

Погонот напредните тркала ќе биде стандарден, но како што пренесуваат германските медиуми, исто така на располагање купувачите ќе имаат и модел со погон на сите четири тркала.

Новиот “GLB” се очекува да биде претставен до крајот на 2018-та година, а во продажните салони во тој случај би се нашол на почетокот на 2019-та година. Се шпекулира дека почетната цена на овој модел ќе изнесува околу 30 илјади евра

Loading...

Related posts