ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ОВОЈ Е НАЈТОПЛИОТ ДЕЛ ОД ЛЕТОТО – ИСКОРИСТЕТЕ ГО

ECA

Продолжува периодот на сончево и нормално топло време со не многу високи температури на воздухот кој во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре (четврток) особено на планинските места ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи во попладневните часови.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока вредност и ќе изнесува претежно коефициент 8, понекаде и 9.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

За оние кои планираат да заминат во некое од туристистичките места во државава и тоа во Струга, Охрид, Преспа и Дојран времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Услови за краткотраен локален дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот ќе има во четврток а до тогаш само на планините има минимална можност за сосема локален, слаб и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи и тоа претежно северозападно од Струшко.

 

Максималните дневни температури на воздухот за Струшко и Охридско за следните денови се некаде помеѓу 28 и 29 степени, во Преспа до околу 28 и во Дојран до околу 34, 35 степени.

Loading...

Related posts