ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: СЛЕДУВААТ МНОГУ ДЕНОВИ СО СОНЦЕ И ЛЕТНА ТОПЛИНА

ECA

Во текот на оваа недела територијата на нашата држава ќе биде зафатена од силен антициклон (висок воздушен притисок) кој ќе услови стабилно, суво и сончево време повремено со умерена локална облачност а ќе дува и умере, особено Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северен правец кој како што кажавме нема да има никакво влијание на температурите на воздухот што значи вистинското лето ќе продолжи и оваа недела.

 

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека кон крајот на оваа недела истите на југоисток може да се искачат до 35 степени со што температурите ќе влезат во оние кои се над просекот за овој дел од годината.

Поради силниот антициклон и прекрасното сончево и летно време и понатаму може да продолжи септемвриското плажирање на оние кои се лубители тоа да го прават.

 

Ув индексот и понатаму ќе има висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде од 6 до 7.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Loading...

Related posts