vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ СО НАЈНОВА АНАЛИЗА ЗА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА

ECA

Во текот на следната недела поточно во понеделник попладне ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

 

Потоа од вторник услови за помала нестабобилност барем одсега гледано има само на планинските места а времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Особено во вторник ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец кој особено на северот од државава ќе засилува по интензитет.

Максималните температури на воздухот и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за неделна анализа на времето промени на истата се можни но околу тоа понатаму навремено и најпрецизно ќе бидете информирани.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts