vesti24.mk
СВЕТ

Милионер глумел бездомник за да ја тестира реакцијата на келнерот во ресторан, била поразителна!

ECA

Милионерот се облекол како бездомник за да ја снима реакцијата на персоналот во еден ресторан, а таа била поразителна.

ЈуТјуб ѕвездата, 23-годишниот Коби Персин од Њујорк, го тестирал персоналот во еден ресторан на Флорида, да види како ќе реагираат на основа на нечиј изглед.

На почетокот на снимката Коби доаѓа до келнерот и го прашува дали може да добие маса за себе и за својот пријател, но келнерот му вели дека местото за него е малку “прескапо”.

“Не можеме да ве послужиме, нема да ве послужиме денес. Жал ми е поради тоа”, му рекол келнерот, но Коби бил упорен. Сепак, келнерот му порачал да оди да се најаде во МекДоналдс.

Потоа Коби се оддалечува и го повикува возачот кој пред ресторанот доаѓа во Ролс Ројс со куфер полн пари. “Ти кажав дека имам пари. Лудо е тоа како ги судиш луѓето само според изгледот. Би можел да го купам ова место и да те отпуштам – имаш среќа”, му порачал Коби.

Како и обично, кога станува збор за слични вирални снимки, некои се сомневаат дека целата ситуација е наместена, но дури и во тој случај открива некои интересни работи за тоа како ги проценуваме луѓето.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts