ЖИВОТ

Мини кожен фустан и злато за убавицата од Барбадос

ECA

Познатата пејачка Ријана вчеравечер ја лансираше својата нова колекција “Fenty Beauty” во Милано.

По стариот добар обичај, Ријана и овојпат била “своја”, појавувајќи се во црни и златни нијанси од глава до пети.

Минијатурниот кожен фустан го истакнало нејзиното бујно деколте и нозете, а на средината таа носела широк кожен ремен со голема златна тока.

Од акцесоари, Ријана носела неколку златни нараквици, како и високи потпетици во златни тонови. Шминката ѝ била беспрекорна, во земјени тонови кои одлично ѝ прилегаат, а косата ѝ била опуштена и нежно навиткана.

Loading...

Related posts