ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВ НА ФЕЈСБУК ОБЈАВИ ЕМОТИВЕН ВОВЕД ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПОВИКА НА ПОМИРУВАЊЕ

ECA

Од воведот кон Карнегиевиот извештај за Балканските војни
Вашингтон, 1914 година

“Вистинските виновници во оваа долга листа на егзекуции, убиства, давења, палежи, масакри и ѕверства наведени во нашиот извештај не се, повторуваме, не се балканските народи. Тука сожалувањето мора да ја совлада индигнацијата. Не дозволувајте да ги осудиме жртвите. Ниту пак европските влади се вистинските виновници. Тие барем се обидоа да ги поправат нештата и секако посакаа мир не знаејќи како да го воспостават.

Вистинските виновници се оние кои го заведуваат јавното мислење и го злоупотребуваат незнаењето на луѓето за да шират вознемирувачки гласини и да ѕвонат за тревога, поттикнувајќи ја својата земја, а како последица на тоа и другите земји, кон непријателство.

Вистинските виновници се оние кои од интерес или склоност, изјавувајќи постојано дека војната е неизбежна, ја прават неизбежна, тврдејќи дека не можат да ја спречат. Вистинските виновници се оние кои го жртвуваат општиот интерес за својот личен интерес што толку малку го разбираат и кои одржуваат во својата земја стерилна политика на конфликт и репресалии.

ВСУШНОСТ НЕМА СПАС, НЕМА ИЗЛЕЗ НИ ЗА МАЛИТЕ НИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ДРЖАВИ ОСВЕН СО ОБЕДИНУВАЊЕ И ПОМИРУВАЊЕ.”

Д’ Естурнел де Констан

Loading...

Related posts