vesti24.mk
ЗАБАВА

Министерот за култура ги исмеа неписмените

ECA
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на „Твитер“ објави иронична порака по повод утрешниот ден, 8 Декември, денот на св. Климент Охридски. Од пермутација на букви, до „ф“ наместо „в“ итн., министерот избра интересен начин како да се пошегува, но и да укаже на македонската писменост.

„Утре е Денот на свети Климент охрдски, денот на нашиот нај голем просфетител! Имго честитам на сите граѓани“, напишал министерот за култура на „Твитер“. По ова, следуваа низа коментари, дека избрал најдобар начин да укаже на нешто, иако имаше и такви што на прва помислиле дека министерот е неписмен.

Loading...

Related posts