vesti24.mk
ЖИВОТ

Мирка Федерере сопругата на Роџер Федерер била верена со султан! Оваа тајна долго ја криела од јавноста!

ECA

Мирка Федерер, сопругата на Роџер Федерер е многу повеќе од обичните сопруги на спортистите. Според податоците на Гугл, минатата година била една од напознатите луѓе во Швајцарија.

Оригиналното име на Мирка е Мирослава Вавринец. Родена е во Словачка во 1978-ма година, а кога имала 2 години, нејзините родители емигрирале во Швајцарија. По препорака на Мартина Навратилова, почнала да се занимава со тенис, но никогаш не постигнала големи резултати. Освоила три „ITF“ титули, а најдобар резултат имала во 2001-ва година, кога имало само 76 натпреварувачки во светот.

Мирка го запознала Роџер Федерер на Олимписките игри во Сиднеј во 2000-та година. Многу брзо после тоа почнале да се забавуваат, но Мирка долго ја криела големата тајна. Во периодот кога го запознала Роџер, била верена со пребогатиот арапски султан. Нејзиниот иден сопруг подоцна ја дознал оваа информација.

Мирка и Роџер се венчале во април, 2009-та година, на приватна забава во Базел. Имаат четири деца, два пара близнаци, ќерките Мила и Шарлен и синовите Лео и Лени.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts