vesti24.mk
СВЕТ

Мистерија на авионот полн со мигранти: Слетал во Унгарија, ни трага од пилотот, ни екипажот

ECA

Унгарските медиуми пренесуваат дека ова е прв случај на шверц на мигранти со авион во таа земја.

Полицијата запленила авион “Антонов” со кој во Унгарија биле пренесени 11 илегални мигранти. Транспортниот авион со украински ознаки, без патници и пилот, бил пронајден земјоделско поле, на истокот на Унгарија.

Мигрантите биле пронајдени во двор на црква и на автобуска станица. Се трага по екипажот на авионот за кој се претпоставува дека долетал од Украина или Романија.

Унгарски полицаец кој не бил на должност, во местото Калошемјен на истокот на Унгарија, забележал лесен транспортен авион кој кружел над селото, пренесува “RTS”.

Веднаш ги алармирал колегите кои авионот со украински ознаки, без патници и без пилот, го пронашле на нива.

Со интензивната акција на полицијата набрзо во дворот на локалната црква и на автобуската станица биле пронајдени 11 илегални мигранти, тројца Авганистанци и осум Виетнамци, за кои се претпоставува дека биле патници во авионот. Сите илегалци биле приведени.

Авионот “An-2” може да прелета 845 километри, има максимална брзина од 258 километри на час и лета на висина од 4.500 метри. Унгарските медиуми пренесуваат дека ова е прв случај на шверц на мигранти со авион во таа земја.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts