ВЕСТИ ЖИВОТ

Мистеријата долга 2000 години: Еве кој го уби Александар Македонски

ECA

Тој можеби не бил визионер како Александар, но знаел како да се постави како авторитет. Тој сакал да се врати назат во Египет. Бил фасциниран од златните богатства крај реката Нил. Исто така знаел дека е подеднакво посебен како Александар.

Александар Македонски бил владетел на едно од најголемите царства за време на антиката. Починал пред својот 33 роденден и станал легенда. Бил многу внимателен и успеал да избегне неколку атентати за време на неговиот живот.

На кого сепак му пошло од рака да го убие? Дали тоа бил неговиот најдобар пријател Птоломеј?

Птоломеј I Сотер е роден 367 година пред н.е. Се смета дека тој бил полубрат на Александар и син на Филип II Македонски.

Филип го третирал Птоломеј како свој син. Го одвел во престолнината додека сеуште бил млад и му пружил подеднакво образование како и на Александар. Птоломеј бил ученик на Аристотел и бил многу талентиран.

Сепак Птоломеј секогаш бил во сенка на Александар, а бил доста успешен.

Птоломеј бил голем воин и бил добро обучен за борба. Потоа станал близок пријател со Александар, но и негов личен чувар. Бил неколку години постар од Александар и бил висок и згоден.

Птоломеј одел заедно со Александар во битките од самиот почеток и патувал заедно со македонската војска во Индија и Авганистан. Тој бил еден од хероите во прочуената битка кај Ис. Заедно со Александар бил првата личност кој влегла во храмот на оазите Сива.

За време на експедицијата во Египет, изгледало дека Птоломеј го посакал тој дел од царството за себе. Александар на 7ми април 331 година п.н.е., го створил градот Птоломеј. Александар во Египет бил прогласен за син на Зевс, а после тоа ја добил и титулата фараон.

Неговата харизма била толку јака, што Египќаните поверувале дека тој е инкарнација на некој бог. Птоломеј и понатаму му служел на својот фараон и патувал со него во Сирија и Месопотамија, каде на 1ви октомври 331 год. пред. н.е.  се сретнале со Дариј III кај Гавгамела.

Птоломеј ја имал својата прва самостојна битка против Бесус кој се побунил. Птоломеј го уапсил и го предал на Александар на извршување на казната. За време на кампањата во Индија, Птоломеј бил успешен за време на опсадата на Аорнос и за време на битката кај реката Хидаспес.

Кога освојувањето на непознатите области станало тешко, а амбициите на младиот крал станале нејасни за војниците, Птоломеј бил првиот кој е презел ситуацијата во свои раце. Поседувал голем авторитет во очите на војската. Кога Александар фантазирал за нови походи, Птоломеј останувал во кампот и се дружел со војската.

Тој можеби не бил визионер како Александар, но знаел како да се постави како авторитет. Тој сакал да се врати назат во Египет. Бил фасциниран од златните богатства крај реката Нил. Исто така знаел дека е подеднакво посебен како Александар.

Македонскиот крал починал во 323 година пред н.е. во Вавилон и постои голема веројатност дека е убиен. После смртта на Александар, почнала борбата за превласт. Старите пријатели на Александар како што биле: Антипатар, Архидеус, Селевкид, Пердикас и Птоломеј, сакале да добијат дел од царството за кое се бореле.

Птоломеј добил задача да го подели царството. Бил поставен за намесник во Египет. За нов крал бил поставен Филип III Архидеус , а за негов наследник е одбран младиот Александар IV.

Во Македонија било обичај идните кралеви да го добијат правото на престол, со тоа што ќе учествуваат на закопот на претходниот крал. Па така било многу важно кој се ќе присуствува на закопот на Александар Македонски.

Птоломеј се потрудил да го спречи Пердикас да учествува на закопот, затоа што се плашел дека ќе ги убие Филип III и младиот принц Александар IV, за да постане новиот владетел на царството.

Пердикас верувал дека Птоломеј ќе проба да го земе тронот за себе, но не очекувал дека тој ќе формира коалиција против него и дека ќе го украде телото на бившиот крал Александар.

Според достапните информации, Птоломеј го украл мумифицираното тело на Александар и го однел од Вавилон за Египет. Птоломеј влегол во Александрија како наследник на Александар, после што станал фараон на Египет.

Од сето наведено делува дека на Птоломеј најмногу му одговарала смртта на Александар. Тој очигледно бил уморен од амвициите на македонскиот крал и исфрустриран што не можел да живее онака како што тој сакал.

Меѓутоа, новиот почеток не бил крај за маките на Птоломеј. Две години подоцна во 321 година пред н.е., Пердикас пробал да го освои Египет.

Тоа довело до судири помеѓу Птоломеј и големите воини како Антигонус, Касандар, Селевкид и други. Војната била тешка, но Птоломеј успеал да го одржи Египет во свои раце. Се покажал како интелигентен владетел и како вреден наследник.

Птоломеј створил династија која го управувала Египет 300 години. Тој управувал со Египет од 323 до 283 година пред н.е.

Тој го продолжил она што Александар го започнал, но ја проширил и  архитектурата и почнал да гради градови полни со бели и златни згради. Неговите градители имале целосно единствен стил на урбанизација во однос на класичните македонски и египетски градби.

Птоломеј направил се што можел да го заштити Египет и навистина се чувствувал како да е син на Амон Ра.

Птоломеј никогаш не го заборавил својот пријател, ривал, можеби и брат. Најавил изградба на голем мавзолеј за Александар. Мавзолејот го завршил неговиот син  Птоломеј II.

Дали Птоломеј навистина го убил Александар? То не е потврдено, но дефинитивно е теорија кој е доста уверлива.

Loading...

Related posts