vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

“Мистеријата е решена”: Технолошки експерт изнел шокантни тврдења за летот MH370

ECA
Технолошкиот експерт од Велика Британија и видео-продуцент, Иан Вилсон, верува дека по пат на “Google Earth” го пронашол исчезнатиот малезиски авион “MH370”.

Боингот 777 на летот “MH370”, од Куала Лумпур до Пекинг, мистериозно исчезнал во 2014. година.

Станува збор за една од најголемите мистерии со авиони, во која исчезнале 239 патници и членови на екипажот.

Сега, Вилсон верува дека во џунгла во Камбоџа го пронашол исчезнатиот авион, известува “Daily Star”.

Меѓутоа, Вилсон, кој тврди дека има големо искуство со апликациите на “Google”, “Maps” и “Earth”, не сака да остане само на теорија, туку планира да оди во џунгла и да го провери своето тврдење.

Тој вели дека со мерење преку апликациите на “Google” дошол до докази дека токму на локацијата што ја пронашол би можел да биде исчезнатиот авион, бидејќи должината на трупот на авионот се поклопува со објектот што Вилсон го забележал.

Loading...

Related posts