ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните промени (ВИДЕО)

ECA

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови кои вечерва гласаа за уставните измени, Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска, Сашо Василевски, Љубен Аранудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ.

Ова го објави на вечерашната прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека денеска во Република Македонија е тажен ден, црн петок, најцрн ден во независна Македонија.

Сепак, како што додаде тој, останува историски траг на кој мора да се биде горд, а тоа е дека народот не ја изневерил државата. Според него, тоа го направил Зоран Заев.

„Волјата од референдумот беше погазена од две третини, но и осуммина пратеници кои тргнаа против волјата на граѓаните. На ова претходеа силни притисоци и закани, ветувања за ослободување од обвиненијата кои се политички прогон. Биле понудени и пари, а Собранието беше киднапирано од Зоран Заев и ордите околу него. Не сите издржаа на притисоците. Денот кога требаше да се гласа се претвори во лов на пратеници“, истакна Мицкоски.

(Во живо) Прес-конференција на Христијан Мицкоски по седницата за уставни промени

(Во живо) Прес-конференција на Христијан Мицкоски по седницата за уставни промени

Posted by Makfax on Friday, 19 October 2018

Осуммината пратеници од опозицијата без оглед што се опфатени со обвиненија, може некој ќе изрази жалење, но јас не, не ја оправдувам оваа постапка, рече лидерот на опозициската партија.

„Сами бираме како ќе живееме со какви углед и чест, а угледот кај граѓаните е најважен“, додаде тој.

Мицкоски кажа дека оние кои гласале го разочарале него, но што е уште поважно си ја разочарале и татковината со што, како што нагласи, ќе треба да живеат.

„Извршниот комитет одржа вонредна седница за исклучување на седуммина пратеници“, посочи Мицкоски, по што тој ги прочите и нивните имиња.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев нема мандат од народот ова да го прави и како што посочи ова е срамно дело кое ќе се памети.

„Македонија е во тешка ситуација токму поради оваа структура на власт, имаме референдум со лажни гласови, имаме се освен не европски принципи, а ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од ЕУ и НАТО. Најголем противник на овие вредности е Зоран Заев. Договорот е само параван, а во позадина се бизнисите и криминалот кој не застанува“, истакна Мицкоски.

Ние заедно ќе победиме и тоа ви го ветувам, затоа избегаа од избори, рече тој и кажа дека одлуката со притисоци да се скрши државата е показател за слабост.

„Заев ќе дојдеш еден ден на избори, ќе те победам, ќе добиеш жестока казна од народот било да се изборите сега или кога и да се, најтемно е пред зората“, порача Мицкоски.

Loading...

Related posts