ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Млад работник умрел изведувајќи градежни работи на пеколна температура

ECA

На 29 јули околу 14,45 часот на ул. „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, при изведување градежни работи, односно при уредување дворна површина со рачен компресор, Р.М. (27) од с.Црешево, скопско, во еден момент паднал на земја.

Тој веднаш бил пренесен во поликлиника Чаир, а од таму со возило на итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16.10 часот била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

извор:макфакс

Loading...

Related posts