vesti24.mk
ЖИВОТ

Моќни и гламурозни: Бијонсе и Џеј Зи во центарот на вниманието на забавите по повод Греми наградите

ECA

Во пресрет на доделувањето на Греми наградите, секоја година компанијата на Џеј Зи, Рок Нејшн (Roc Nation) организира забава со најголемите музички ѕвезди само на една вечер пред главниот настан. И покрај обврските, 36 годишната Бијонсе како и мајката на три деца, успеа со заводливо издание да го привлече цело внимание кон неа. Откако се породи со близнаците Ср и Рум, таа се посветила на мајчинството, но синоќешното појавување ги остави сите буквално без здив.

Иако нејзиното издание беше навистина смел потег, малку повеќе провокативно од она што сме навикнати да гледаме, сепак кралицата успеа во нејзината замисла. Во долга црна тоалета со високи шлицеви и длабоко деколте, пејачката ги истакна своите бујни атрибути позирајќи покрај својот сопруг Џеј Зи.

Исто така, славниот пар се појави и на забавата Клајв Дејвис каде повторно Бијонсе се појави со прекрасна црна тоалета и црна кожна баретка, исто така доста неочекуван потег од неа. Како и да е, најбогатиот музички пар доминираше на забавите организирани по повод наградите Греми.

Греми наградите се одржуваат вечерва, па останува да дознаеме како ќе помине црвениот тепих и кој сè ќе се закити со награди.

Loading...

Related posts