МАКЕДОНИЈА

МОЌНИОТ ТОДОР: НАЈПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ МЕТЕОРОЛОГ СО НАЈНОВИ АНАЛИЗИ

ECA

Под влијание на циклонот ТОДОР кој попладнево и вечерва МНОГУ ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ќе се развива нестабилна облачност на многу места проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Најинтензивни врнежи ќе има на запад каде за многу кратко време ќе наврне поголемо количество на воден талог – околу 30 л/м2 а може и повеќе.

На највисоките планински врвови на запад оваа ноќ не се исклучува можноста да провее и сосема малку снег поради продорот на посвежа воздушна маса.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени додека навечер ќе бележат тенденција на опаѓање.

НАПОМЕНА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради интензивните врнежи особено на запад од државава и тоа за краток временски период можно е повторно зголемување на речните водотеци и на езерата и тоа особено на Охридското па токму поради ова крајно внимание особено на возачите кои поминуваат и возат покрај речните водотеци кои се наоѓаат во близина на патиштата. Исто така поради засилениот ветер од југозападен и од западен правец повторно е можно разбранување на езерата.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading...

Related posts