vesti24.mk
МОДА

„Мокри“ фризури за претстојното лето

ECA
Убава коса на плажа не мора да значи беспрекорна и уредна фризура. Сепак постојат одредени правила за креирање незадолжителна фризура.

Носете шише (не со вода) на плажа. Дома наполнете шише со распрскувач со регенератор и вода (1:4). Кога ќе легнете на лежалка на плажа, од коренот кон краевите косата испрскајте ја со растворот и исчешлајте ја со чешел со крупни запци (не употребувајте четка за да не направите гнездо!). Оваа мешавина ќе ја омекне косата и по бањањето ќе излезете со природни кадрици.

Не ја одмивајте солта од косата. Солената вода е одлично средство за обликување – го зголемува волуменот и ја подобрува текстурата – затоа немојте да брзате со миење на косата. Тенката и мека коса може да изгледа неуредно кога е мокра, па ако вашата коса е токму таква, штом ќе излезете од вода заврзете ја со ластиче во високо опавче или во кок.

извор: убавинаиздравје

Loading...

Related posts