vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Морничава снимка од тајфунот на Филипини: “Доаѓа судниот ден!”

ECA

На социјалните мрежи се појави снимка од тајфунот Мангкхут кој ги погоди Филипините, а истата потсетува на морничава сцена од хорор филм.

На снимката се гледаат птици кои немаат контрола над летањето поради силниот ветер, кој ги “разнесува” на сите страни.

Снимката е објавена со опис: “Изгледа дека доаѓа крајот на светот”.

Во коментарите се развила дебата бидејќи дел од корисниците тврдат дека видеото настанало во американскиот град Хјустон во Тексас и дека ваквиот лет на птиците се случува секоја година.

Оваа бура потсетува на една од најсмртоносните природни непогоди на Филипините – супертајфунот кој во 2013 година одзеде повеќе од 7 илјади животи.

Loading...

Related posts