vesti24.mk
ЗАБАВА СВЕТ

Му се претстави на светот како неуредна домаќинка со моќен глас, 8 години подоцна изгледа сосема поразлично и заработува 33 милиони долари

ECA

Кога излегла на сцената сите започнале да се смеат, мислејќи дека жената ќе се посрамоти, особено откако изјавила дека има 47 години и дека планира да стане пејачка. Но, кога Сузан запеа, веднаш ги остави сите со отворени усти.

Не баш згодната домаќинка, Сузан Бојл ја отпеа песната “I dreamed a dream” на британското талент шоу “Britain’s Got Talent”. Полна со самодоверба, започнала да пее и воопшто не обраќала внимание на жирито и публиката кои се смееле. Но, многу наскоро изразот на лицето сите го промениле.

Сузан се појави на шоуто во 2009 година, така што таа останала инспирација и пример дека годините се само бројка и дека талентот треба секој да си го цени.

Во меѓувреме Сузан му пеела на Барак Обама и британската кралица, па дури и на Папата и заработила повеќе од седум милиони долари.

Откако ѝ тргнала кариерата во нагорна линија, на 53 години стапи во љубовна врска и тоа за прв пат. Меѓутоа, подоцна раскинала, па следувала нејзината болест и смртта на нејзината сестра. Поради тие причини полека се повлекувала од јавноста.

Како што имала изјавено и претходно, таа не сакала да биде постојано присутна во јавноста. Нејзиното богатство се проценува на 33 милиони долари и повремено одржува настапи кои секогаш се посетувани.

Но, минатата година таа драстично ја намалила бројката на килограми. Последно била видена на филмскиот фестивал во Единбург во јули.

Loading...

Related posts