vesti24.mk
СПОРТ

Мурињо: Му се извинив на еден играч пред сите други соиграчи во соблекувалната

ECA

Жозе Мурињо ја продолжи „војната“ со Антонио Конте и на прес-конференцијата по вчерашниот меч со Дерби кој се одигра на „Олд Трафорд“, но од обраќањето пред новинарите исто така за издвојување е и одговорот кој го даде за една негова необичн одлука на стартот на вториот дел.

Мурињо одлучи да го повлече Мхитаријан од игра по само едно полувреме и му даде шанса на Ромелу Лукаку на стартот на вториот дел, а по мечот Португалецот откри дека за ваквиот потег му се извинил на Ерменецот пред сите соиграчи во соблекувалната.

– Тоа беше сосема нефер, нефер одлука и му го кажав тоа уште на полувремето. Не ми се допадна тоа што го направив, не беше фер. Тој не го заслужи тоа, играше добро и се движеше добро. Му даваше свежина на тимот, но едноставно добив впечаток дека Рашфорд нема да постигне гол. Затоа сметав дека треба да реагирам и жртвував еден играч. Мојата жртва беше тој и знам дека беше тешко да се прифати тоа. Направи нешто што обично не го правам и затоа му се извинив пред сите соиграчи во соблекувалната. Не го заслужи тоа, – открива Мурињо.

Loading...

Related posts