vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

ECA

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерстото за внатрешни работи.

,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил”, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осудениот експремиер Никола Груевски.

Loading...

Related posts