ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

НАЈАВА ЗА НАГЛО, ГОЛЕМО И КРАТКО ЗАТОПЛУВАЊЕ, ПОТОА ВРАЌАЊЕ НА ФЛОРИЈАН И НЕВРЕМЕ

ECA

Нагло, големо и многу кратко затоплување на времето ќе имаме за време на викендот и тоа особено во недела кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Меѓутоа веќе во недела навечер и ноќта кон понеделник следува враќање на циклонот флоријан кој во текот на следната недела ќе услови доста нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Локално процесите можно е да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Да напоменеме дека во зоната на големата нестабилност за кратко време локално можно е да наврне позначително количество на воден талог со што може да услови и локални поројни поплави.

 

Од понеделник повторно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значително опаѓање (и тоа некаде за 7 до 8 степени).

ЗА СЕКОЈА НОВО – НАСТАНАТА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА ИЛИ ПАК ИЗМЕНА НА ИСТАТА НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ.

 

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading...

Related posts