vesti24.mk
СПОРТ

Најавеното засилување на Барса изведе генијална минијатура во шеснаесетникот

ECA

Барселона пред извесно време го задржа ексклузивното право да го откупи суперталентираниот Артур за 30 милиони евра и со самото тоа го најави како засилување во летниот преоден рок, а со каков потенцијал располага Бразилецот можевме да се увериме изминатава вечер на мечот кој го одигра Гремио.

Тимот за кој настапува Артур победи со 3:0 во пресметката со Авенида во бразилскиот Гаучо куп, а стрелец на последниот гол беше токму суперталентираниот офанзивен играч за врска кој прикажа завидна техника во шеснаесетникот.

Иако ја доби топката свртен со грбот, Артур успеа некако да се снајде и да ја смири истата, а потоа со извонредна футсал техника сврте двајца играчи и ја затресе противничката мрежа. Погодок е посебно импресивен и поради тоа што Артур ја изведе оваа магија на првиот меч по враќањето од повреда и по пауза од три месеци.

Loading...

Related posts