ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА СВЕТ

Најбогатиот човек на светот ги изигра своите работници: Им ја зголеми платата, но им ги укина бонусите, па сега заработуваат помалку

ECA

После вестите дека работниците на „Амазон“, една од највредните компании на светот во сопственост на најбогатиот човек на светот, добиваат зголемување на платата од 15%, следуваа лошите вести.

На работниците на „Амазон“ ќе им биде зголемена платата за 15%, но од следниот месец исто така ќе им биде укината целата дополнителна финансиска поддршка, односно месечниот паричен бонус и наградните акции на компанијата.

Сите работници на „Амазон“ со радување ја дочекаа веста за зголемувањето на платата. Имено, минималната плата во оваа компанија во Соединетите Американски Држави порасна на 15 долари по час. Во британскиот главен град Лондон порасна на 10,5 фунти по час, односно се зголеми за 28%, а во останатите градови на Велика Британија изнесува 9,5 фунти по час.

Сепак, подоцна стигна и веста за укинувањето на сите месечни бонуси кои што досега ги добиваа работниците на „Амазон“, па во одредени фабрики работниците сега ќе заработуваат помалку од претходно, иако се случи фамозното зголемување на платата за 15%.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts