vesti24.mk
ЗДРАВЈЕ

Најчеста причина за рак за која никој не зборува – докторка открива како да ја проверите киселоста во желудникот

ECA
„Ниската киселост во желудникот е водечки извор за појава на рак на желудникот и други хронични заболувања. Ризикот за развој на овие болести го влошува и неконтролираното и несовесното препишување на антацидни препарати и блокатори на киселините“, открива специјалистот по природна медицина О. И. Синева.

Таа напоменува дека добро се крие и фактот дека главен причинител за киселини во желудникот и ждригавица, не е, всушност, вишокот, туку недостатокот на хлороводородната киселина во желудникот. Токму затоа и одредувањето на киселоста во желудникот е важна превентивна мерка и сериозен чекор на патот кон здравјето.

– Би им препорачала на сите заболени лица да посветат посебно внимание на киселоста на желудникот, без оглед на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму таа критична алка којашто е неопходна за оздравување – предупредува докторката.

За одредување на киселоста на желудникот се спроведува посебна процедура којашто се нарекува – тест Хајдберг. За нејзино спроведување, болниот треба да проголта специјална капсула врзана за посебен конец. Откако капсулата ќе испрати радиосигнали, таа се вади од желудникот.

Но, таа открива и метода за дијагностика на ниската киселост на желудникот, која можете да ја спроведете и во домашни услови.  Докторка Синева открила потполно безбеден тест со сода бикарбона.

Промешајте ¼ мала лажичка сода бикарбона со 150 милилитри млака вода. Испијте го овој раствор наутро, на празен желудник.

Забележете го времето коешто ќе помине до појавата на ждригнување. Доволно е да почекате не повеќе од три минути. Ако не сте ждригнале, постои веројатност за ниска киселост во желудникот. Ако пак сте ждригнале – вашата киселост е во ред.

Дали оваа метода е доверлива? Не за сите. Но, зошто да не пробате? Точноста на дијагностиката се зголемува при комбинација на горенаведениот тест со клинички симптоми на намалена киселост на желудникот, кои вклучуваат:

– отекување на стомакот, чувство на преполн желудник по оброкот;
– несварена храна, пролив или запек;
– алергија на одредена храна;
– повремени мачнини;
– иритација околу ректумот;
– омекнување, лупење и напукнување на ноктите;
– проширени вени во областите на образите и носот;
– габични инфекции и дисбактериоза на цревата;
– акни;
– недостаток на железо;
– губиток на косата

Loading...

Related posts