vesti24.mk
СВЕТ

Најлош педофил во историјата на Русија: Како старател извршил 900 силувања! Од државата земал пари кои ги користел за страшни злосторства

ECA

Маж од Русија, кој вдомувал деца без родители, е обвинет по повеќе од 900 точки за силување и други сексуални престапи. Неговите жртви во главно биле девојчиња на возраст од 13 години, а некои биле и помлади.

37-годишниот Виктор Лишавски злоставувал пет девојчиња на кои им бил законски старател, а ги третирал како свои лични сексуални робинки, пренесува Daily Mail. Тој бил уапсен во јуни минатата година, но сега на виделина излегле дополнителни информации за неговите кривични дела. Ако биде осуден, ќе биде најлошиот педофил во историјата на Русија.

Преку ден водел продавница за поправка на чевли, а навечер редовно ги силувал тинејџерките, на кои им бил старател. Бил приведен откако едно од девојчињата се пожалило во училиштето, од каде се јавиле во полиција.

Останатите девојчиња исто така кажале дека Лишавски ги злоставувал. Раскажале детали како една по една ги водел во стан и сексуално ги злоставувал.

Обвинет е за 248 силувања и 358 сексуални злосторства против девојчиња постари од 13 години. Покрај тоа, се соочува и со 22 обвиненија за силување на девојчиња помлади од 14 години.

Одвоено бил обвинет за уште 122 злосторства од сексуална природа или 151 злосторство каде ја користел беспомошноста на жртвите. Социјалните служби во регионот Хабаровск се обвинети за небрежност, бидејќи ранливите деца ги оставале под негов надзор.

Лишавски и неговата сопруга Олга имаат три биолошки деца, но се грижеле за уште девет сирачиња. Против неговата сопруга не се поднесени обвиненија.

Локалните медиуми пренесуваат дека тој со парите кои му ги давала државата да се грижи за децата, изнајмувал стан каде имал секс со своите посвоени ќерки.

Властите во регионот Хабаровск во источна Русија се шокирани од овој случај.

Ала Кузњецова, министерка за образование во регионот, вели дека старателите ги минале сите инспекции на социјалните служби.

“Во случајот со ова семејство немаше никакви проблеми”, рекла таа.

Во првата година имало пет проверки, а во наредните години по две проверки годишно. Таа потврдила дека девојките кои старателот ги силувал биле вратени во сиротиштето.

Локалната службеничка која се грижи за старателските семејства, Татјана Петрачкова, вели дека наводниот педофил и неговата сопруга се сметаат за “семејство без проблеми” и дека добивале пофалби за тоа како ги одгледале своите деца.

Ова семејство дури и било на локалната телевизија, а било прикажано како пример за успешно семејство кое им помага на младите луѓе.

Loading...

Related posts