СВЕТ

Најмалку петмина Британци извршиле самоубиство откако станале жртви на девојка која не постои

ECA

Најмалку петмина Британци извршиле самоубиство откако станале жртви на уцена на социјалните мрежи. Криминалните банди ги навеле да поверуваат дека девојката која ја запознале на интернет е привлечна и ги охрабрувале на секс преку интернет, додека истовремено им пуштале снимки на кои девојката го прави истото.

Потоа следувала уцена – Или жртвата ќе го плати бараниот износ, или фотографиите и експлицитните видеа ќе бидат пратени до нивните блиски.

Меѓу жртвите е 17-годишниот Ронан Хјуз од округот Тајрон, во Северна Ирска. Во јуни 2015. година романска банда го навела да прати свои интимни фотографии на непостоечката девојка Емили Меги. Потоа му се заканиле дека фотографиите ќе ги пратат на неговата девојка, доколку не им плати 3.000 евра. Неколку часа подоцна, Ронан извршил самоубиство.

Меѓународната истрага ги одвела инспекторите во Темишвар, каде лидерот на бандата бил осуден на четири години затвор, но бандата оперирала и од кол-центар на Филипините.

Инспекторите предупредуваат дека овој проблем е во пораст ширум Европа. Во главно зад ова стојат организирани банди од странство, но и поединци заработуваат со ваков вид на уцени.

“Заканата со објавување на експлицитни фотографии од социјалните мрежи е идентификувана како закана во пораст во последните години и илјадници луѓе во Велика Британија се жртви на вакви уцени секоја година”, вели Рој Синклер од британската Национална агенција за криминал.

Меѓу жртвите има и деца од 14 години, а најстарата жртва е 82-годишен маж. Сепак, најмногу ги има од старосната група од 21 до 30 години. Британската полиција предупредила на внимателност на социјалните мрежи, односно одбивање на барањето за пријателство на непознати лица и примена на чекори за обезбедување на профилот. Покрај тоа, ги повикуваат жртвите во случај на уцена да повикаат полиција, да не плаќаат откуп, да ја чуваат целосната преписка и да ја прекинат комуникацијата со таа личност.

Loading...

Related posts