vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА КУЛТУРА

НАЈНОВА ВИКЕНД АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: МАЛКУ ОБЛАЦИ, МАЛКУ СОНЦЕ, МАЛКУ ДОЖД И ПОВЕЌЕ ТОПЛИНА! ДЕТАЛИ

ECA

Силвија замина, сепак и покрај тоа што замина сепак атмосферата и натаму нема целосно да се стабилизира иако ќе има повеќе сончеви периоди а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.

За време на овој викенд очекуваме малку облаци и повеќе сончеви периоди и тоа особено во текот на утрешниот неделен ден.

Сепак во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд проследен со грмежи и тоа особено на планинските места и во оние населени места кој се во близина на планините.

Во текот на денешниот саботен ден ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец и тоа особено изразен Долж Повардарието и на југоисток додека во текот на утрешниот неделен ден ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и ќе биде со променлив интензитет.

Максималните температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени во текот на денешниот саботен ден доде во текот на утрешниот неделен ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading...

Related posts