vesti24.mk
КУЈНА

Најсладок сладолед за ова лето: Сладолед од кокос со чоколада

ECA
За подготовка на овој сладолед потребни ви се 60 милилитри слатка павлака и 450 милилитри кокосово млеко.

Слатката павлака изматете ја во шлаг, додадете го кокосовото млеко и се заедно нежно измешајте. Важно е да знаете дали употребувате засладено кокосово млеко или незасладено, за доколку не е да додадете малку шеќер или од вашиот омилен диетен засладувач.

Добиената смеса распоредете ја во сад, измазнете ја и ставете ја во замрзнувач на неколку часа. Чоколадните парченца може да ги додадете веднаш, пред да ја замрзнете смесата, или може да ги користите за наросување врз сладоледот откако ќе се замрзне. Одлична комбинација е и врела чоколада (топена) да ја прелиете врз сладоледот кога тој ќе биде готов.

извор: макмода

Loading...

Related posts