vesti24.mk
ТРАВЕЛ

Највисокиот град во светот, Ла Паз

ECA
Само помислете, како би ви било да живеете во град каде крововите на зградите се милуваат со облаците и можете да се движите над вашиот град?

Ла Паз е втор по големина град во Боливија, административен центар на земјата и центар на департментот Ла Паз. Градот има население од околу 789.585 жители и заедно со соседните градови Ел Алто и Вијача ја сочинуваат најголемата урбана површина во Боливија со население од  над  1.6 милиони жители.  Ла Паз се наоѓа на надморска височина од 3660 метри и тоа го прави највисок главен град во светот.

Ла Паз е значаен трговски центар на земјоделски производи. Жените во Ла Паз се многу карактеристични по својата облека. Носат рачно изработени ткаени волнени здолништа и мали црни шешири. Во своите плетени кошници имаат клопчиња од волна, добиена од тамошните кози од која плетат разновидни производи за себе и за своите семејства. Пазарите во Ла Паз се шарени и весели и таму ќе најдете локални производи, од овошје и зеленчук па сè до рачно изработена облека.

 

Ла Паз вреди да го посетите и поради прекрасните плажи, Плажите Балендра и Бисер се вистински рај за очите, пред вас ќе се простира брег со ситен песок и море во прекрасна тиркизна боја.

За доживувањето да биде уште поневеројатно, не заборавајте да се возите на Црвената Линија, или популарната жичарница која поминува низ градот и ви дава можност да уживате во совршен панорамски поглед на највисокиот град на светот.

hybread

Loading...

Related posts