vesti24.mk
Uncategorized

На работа не останувајте повеќе од што треба, еве зошто…

ECA

Трудете се секогаш канцеларијата да ја напуштите навреме, а еве и некои факти зошто тоа би требало да биде така.

Клиентот е значаен, но и вашето семејство–Семејството секогаш ќе го збогати вашиот живот повеќе отколку било кој клиент, посветете им онолку време колку што заслужуваат.
Работата е процес без крај – Тоа е факт на кој мораме да се навикнеме, поради тоа престанете да се фокусирате само на еден ден или една недела и започнете да планирате кариера. Обидете се да развиете вештина за паметно управување со времето.
Личност која останува до доцна во канцеларија не е вредна личност – Доколку работите 10-12 часа, ве молам да погледнете што се обидувате да постигнете и да се запрашате дали тоа ви носи корист. Испланирајте го својот ден уште пред да го започнете, но не го правете тоа во 8 или 9 часот наутро кога работниот ден е веќе започнат.
Не учевте напорно за да се претворите во машини – Единствено машините, кога се добро подмачкани и на моќна енергија можат да работат 24 часа. Вие не можете, затоа направете баланс во животот. Сетете се – 8 часа сон, 8 часа работа, 8 часа за себе и фамилијата.
Ако вашиот шеф ве приморува да останете до доцна– Многу семејства се распаднале токму затоа што работата ја поставиле пред семејството. Имало и случаи со млади татковци кои си го загрозиле сопствениот живот поради стрес на работа, работејќи 16 часа дневно.

извор:кариера.мк

Loading...