vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Надзорник во затворот во Штип фатен како зема поткуп од затвореник

ECA

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Б.Б.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп.

Според информациите од МВР, пријавениот вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип, во текот на изминатиот месец, од осуденото лице побарал 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на затвореникот, иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.

Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. На 05.10.2018 година пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш бил уапсен.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30 дена.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts