vesti24.mk
КУЛТУРА

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ МАТУРАНТИ

ECA

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /14.06.2017 среда/, во во Сити хол, во рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на најдобрите 25 матуранти – првенци на генерација 2013/2017 година од 21 средно училиште, им додели признанија и парични награди.
– Ви пожелувам срдечно добредојде на оваа средба препознатлива како „Средба меѓу првиот и најдобрите“ којашто традиционално, веќе десетта година, ја организира Градот Скопје. Целта на оваа манифестација е да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Градот Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати. Од пред неколку години манифестацијата е збогатена на тој начин што со неа се опфатени и ученици од тригодишното образование, па затоа денеска наградуваме 25 првенци од 21 средно училиште на Градот Скопје. Ценети првенци, вие со своите успеси и постигнувања се афирмиравте себеси, Вашите училишта, но и нас граѓаните на градот Скопје. Праксата покажува дека секој млад човек, кој бил првенец на својата генерација гради успешна иднина и достигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Ценам дека најважната задача на секоја образовна институција е кај Вас учениците да ги развива и јакне благородните творечки и креативни сили. Тоа е патот до најголемиот дар и признание што човек може да го поседува, а тоа е, знаењето. Драги првенци на генерација, сега кога го заокруживте средното образование, Ви пожелувам со себе да ги понесете најубавите спомени од средношколските денови, и да продолжите понатаму со нови сили, да придонесувате за развојот на нашето општество, бидејќи Вие сте нашата иднина. Богатството на Р.Македонија е во огромните творечки потенцијали на Вас младите, истакна градоначалникот Трајановски.
Добитници на наградите и признанијaта се: од СУГС„Лазар Танев“ СОФИЈА КЕРАЗОСКА и ЈОВАН КАРАПЕЕВ, од СУГС„Јосип Броз Тито“ МАРКО СТОЈКОВСКИ, од СУГС„Кочо Рацин“ МУРАТ КОЦА, од СУГС„Георги Димитров“
АЛЕКСАНДАР ДОДЕВСКИ, од СУГС„Арсени Јовков“ БОЈАН КИТАНОВИЌ, од
СУГС„Здравко Цветковски“ САРА ЈОВАНОСКА, од СУГС„Браќа Миладиновци“
НАТАША АРСОВА, од СУГС„Владо Тасевски“ АНА ЈАКИМОВСКА, од СУГС„Димитар Влахов“ АНТОНИНА ЦЕКОВСКА, од СУГС„Цветан Димов“ АМИРА ОДАТ, од СУГС„Михајло Пупин“ ДАМЈАН ХАЏИБАНОВ и БОБАН МИТРОВСКИ, од СУГС„8 Септември“ ЕГЗОН ИСЕНИ и МАРКО МИТРЕСКИ, од СУГС„Д-р. Панче Караѓозов“ МАРКО НАУМОВСКИ, од СУГС„Зеф Љуш Марку“ АДРИАН АЗИЗИ, од
СУГС„Боро Петрушевски“ НИКОЛА СИМЕОНОВСКИ, од СУГС„Панче Арсовски“
НИКОЛА ВЕЛКОВСКИ, од СУГС„Васил Антевски Дрен“ ФИЛИП ПОПОВСКИ, од СУГС„Орце Николов“ МАРКО КАМИЛОВСКИ, од СУГС„Никола Карев“ МАРИЈА ТОДОСОВА, од СУГС„Раде Јовчевски-Корчагин“ ФИЛИП ТРАЈКОВСКИ и од СУГС„Марија Склодовска-Кири“ МИЛА БОГАТИНОВА и ЏЕЈЛАН МУРТЕЗАНИ.

Од името на сите првенци на присутните им се обрати Бојан Китановиќ од СУГС„Арсени Јовков“, кој им се заблагодари на професорите и на класните раководители коишто секогаш верувале во нив и на секоја ичилишна, но и животна лекција, за трпеливоста да го извлечат најдоброто од нив и да ги направат подобри личности.
И годинава во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, за првенците на генерација но, и за уште неколку најуспешни ученици од секое училиште, како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште се организираше екскурзија „По стапките на творците на градот“.
Целта на овој проект е запознавање на младите генерации со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција, мултиетничкиот начин на живеење во Скопје низ вековите до денес. Исто така, со неа сакаме да им дадеме стимул на младите успешни луѓе во нивните понатамошни определби, преку еден начин на заедничко дружење и поттикнување на навиките кон негување на културата и богатството на нашиот град, а воедно пофалба и давање на признание со кое се одвојуваат од останатите врсници за нивниот труд и залагањето за време на средношколското образование.
Екскурзијата се реализира на 19.05.2017 година, со присуство на околу 80-тина најдобри средношколци, во присуство на лиценциран туристички водич на Град Скопје, со посета на најзначајните споменици на културата и историјата во Скопје.

Loading...

Related posts