vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Нарко-бос Ел Чапо, успеал да прошверцува кокаин вреден 100 милиони долари во Австралија, користејќи краставици и банани

ECA

Светските медиуми пренесуваат дека познатиот нарко-бос Ел Чапо, успеал да прошверцува кокаин вреден 100 милиони долари во Австралија, користејќи краставици и банани, пренесува “Daily Mail”.

Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, моментално се наоѓа во затвор во Њујорк, каде му се суди поради најголемата светска операција на трговија со дрога.

Во американскиот затвор завршил, откако два пати побегнал од мексикански затвор.

Во обид да го прошири својот бизнис во Австралија, Ел Чапо изнајмил складиште за испорака со овошје, пренесуваат медиуми.

Управата за истрага на работи со дрога, спровела претрес во куќата во Синалоа и останале шокирани кога пронашле илјадници краставици и банани.

Агентите рекле дека краставиците и бананите биле наполнети со дрога, за да бидат пренесени на друга локација.

Новинарот на “Sunday Night”, Стив Пенелс, открил дека картелот Синалоа и натаму работи, и покрај фактот што Ел Чапо е во американски затвор.

Синалоа од страна на американските власти е означена како најопасно место, поопасно дури и од Сирија и Авганистан.

Новинарот кој ја истражувал оваа приказна ги предупредил своите претпоставени дека оваа дрога пристигнува во Австралија и дека нејзината улична вредност е до 100 милиони долари.

Ел Чапо често го нарекуваат и најопасен човек на светот, а постојат информации и дека наводно соработувал и со Пабло Ескобар.

Loading...

Related posts