ЗДРАВЈЕ

Научниците пронајдоа вакцина против рак?

ECA

Веќе започнаа тестирањата на терапијата против рак која научниците тврдат дека ќе го подобри имунолошкиот систем и ќе го отстрани туморот од телото.

Терапијата работи слично како вакцина и е комбинација од два веќе постоечки лекови, од кои мали количини се инјектираат директно во туморот.

Вакцината работи на тој начин што ги реактивира имунолошките клетки зафатени од ракот, кои потоа му сигнализираат на целото тело да реагира во борбата против ракот за да се елиминира болеста, велат научниците од Универзитетот Стенфорд.

Докторите сметаат дека оваа вакцина може да се користи за да се спречи враќањето на ракот по неговото оперирање.

По успешните тестирања на глувци, научниците велат дека ќе продолжат со тестирање на оваа терапија на луѓе. Еден од лековите кои се користат за да се направи вакцината веќе е одобрен за тестирање на луѓе, додека за другиот се чека да помине процедурата.

„Нашиот пристап користи мали количини од два различни лекови кои го стимулираат телото да ги активира имунолошките клетки за тие самите да се изборат со ракот“, вели доктор Роналд Леви, професор по онкологија на Универзитетот Стенфорд.

Предупредувањето од научниците вели дека вакцината работи само под одредена количина и на одреден тип на рак, но е добар почеток за пронаоѓање на конечен лек кој ќе биде активен кај сите заболени. Во тестирањето кај глувците, лекот работеше во 87 од 90 случаи.

Loading...

Related posts