СПОРТ

Нејмар би се вклопил во Реал, лесно може да биде купен за 400 милиони изјавил Зидан

ECA

Реал Мадрид лесно се справи со предизвикот наречен ПСЖ во Лигата на шампионите, иако задачата му беше олеснето со отсуството на најдобриот играч на францускиот тим, Нејмар.

На ден пред мечот против Еибар, Зинедин Зидан беше запрашан дали смета дека Нејмар се кае што заминал во ПСЖ и дали некогаш би можел да се врати во Барселона, како што пишуваат каталонските весници.

„Трансферот на Нејмар би чинел 400 милиони евра, но тоа не би ме изненадило. Кога веќе за него беа платени 222 милиони, зошто да не би можело 400 милиони?“, рече Зидан.

Со оглед на кризата на Бензема оваа сезона, шпанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој напаѓач ќе се приклучи на составот на Реал Мадрид како замена на Французинот. Помеѓу имињата се споменуваат Роберт Левандовски и Хари Кејн, но во последните неколку месеци многу често се разговара и за Нејмар.

„Нејмар е одличен играч и би се вклопил во секој клуб на светот. Секако, би се вклопил и во Реал Мадрид“, додаде Зидан.

Loading...

Related posts