ЖИВОТ

Нејзиниот сопруг исчезнал 6 недели по венчавката, а по 68 години таа ја дознала вистината

ECA

Пеги Харис од Вернон, Тексас (САД), се омажила за своето момче Били во далечната 1944 година. Тие уживале во бракот само 6 недели бидејќи Били бил регрутиран како пилот во војската и бил испратен во Европа за да се бори во Нормандија.

Пеги никогаш не добила телеграма, никогаш никој не ѝ затропал на врата, не ја повикал на телефон или на било кој начин ѝ објаснил што се случило со нејзиниот сопруг. Тоа траело цели 68 години.

“Били и јас бевме венчани само 6 недели, но јас одлучив тоа да биде за цел живот”, вели Пеги.

Сопругот на Пеги заминал на 17-ти јули 1944 година и никогаш не се вратил. Прво се водел како исчезнат, а потоа ѝ пренеле на Пеги дека тој е жив и дека се враќа дома. По некое време, неговата сопруга добила писмо во кое пишувало дека Били е убиен и погребан, а веднаш потоа добила ново писмо во кое стоело дека е погребан на други гробишта. Кратко време по последното писмо, Пеги била известена дека можеби воопшто тоа не се неговите останки во гробот.

Месеците поминувале и се претвориле во години, а потоа и во децении…

“Им пишував на сите и прашував за било какви информации во врска со мојот сопруг. Последен пат му пишав на конгресменот во 2005 година и добив одговор дека и понатаму се води како исчезнат”, се присетила Пеги.

Најпосле, еден нивен роднина конечно го пронашол Били во војничката евиденција. Имено, неколку војници кои се воделе како исчезнати биле погребани во Франција, во Нормандија, а токму таму се криел одговорот цели 68 години.

Оттогаш, Пеги 10 пати годишно испраќа цвеќе на неговиот гроб.

“За неговиот роденден, годишнина од брак, Божиќ и уште некои важни датуми. Кога луѓето размислуваат за крајот, сфаќаат дека не поминале низ нешто вакво”, изјавила таа.

По само 6 недели кои ги поминале во брак и дури 68 години разделени, за времето кое може да го помине на неговиот гроб, Пеги вели дека е драгоцено. Меѓутоа, вистинското изненадување не следувало кога таа дознала дека починал бидејќи тоа и го очекувала – вистинското изненадување било она што го дознала подоцна…

Имено, во малото нормандиско село Ла Вант постои улица наречена “Били Харис” во негова чест, каде три пати годишно се организира марш во негова чест и тоа во последните 60 години.

Причина за тоа е што неговиот авион се срушил покрај ова место, а Били успеал да одржи доволно контрола за да не го погоди селото и со тоа да избегне цивилни жртви. Неговото тело е префрлено на американските гробишта, а жителите и понатаму носат цвеќе и му заблагодаруваат на херојското дело кое го направил за нив.

Loading...

Related posts