vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ – НЕ ЧЕКА МНОГУ СОНЦЕ И МНОГУ ТОПЛИНА

ECA

И најновите анализи укажуваат на тоа дека новата недела која што ни доаѓа целата ќе ни помине во знакот на стабилно, суво и сончево време иако повремено ќе има и умерена облачност.

Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината (дури за околу 7 до 8 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

И понатаму ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Ув индексот ќе има ВИСОКА вредност и ќе има коефициент 6 па така граѓаните сеуште доколку излегуваат со себе би било убаво да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце.

Уживајте во прекрасното време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts