СВЕТ

Некогаш гладувале, а денес ја имаат една од најуспешните држави ВО СВЕТОТ: Која е тајната?

ECA

Земјата која пред 150 години се мачела во глад, каде повеќе од 10 проценти од популацијата, односно 250.000 луѓе го загубиле животот, денес важи за една од најдобрите и најуспешните држави во светот.

Според меѓународните тела и показатели, Финска е оценета како најстабилна, најсигурна и најдобро водена држава во светот. Таа е трета најбогата, најмалку корумпирана, втора најпрогресивна во социјалните прашања и трета најправедна држава, кога станува збор за социјалниот статус на граѓаните.

 

 

Финското правосудство се смета за најнезависно на светот, полицијата ужива најголема доверба кај граѓаните, банките се најстабилни, финските компании имаат високо ниво на етичност, а изборите во државата се најслободни во светот.

 

И тоа не е крај. Околу 5.5 милиони граѓани на Финска уживаат во еднаквоста на половите и најниската разлика во приходите на граѓаните.

 

Loading...

Related posts