ЗДРАВЈЕ

Некогашната манекенка го редизајнирала меѓуножјето за да има поинтензивни оргазми

ECA

Некогашната манекенка и мајка на две деца, 26 годишната Јазмин Оукхело откри дека отишла на третман за редизајнирање на нејзината вагина. “Сакам да имам поинтензивни оргазми”, рече Јазмин.

Мајката на две деца е верена со Стефан Рикс и вели дека после две бремености почувствувала разлика во интнимните односи. Поради тоа, не ги жали 1.200 фунти кои ги дала за третманот со кој ќе постигне подобар ефект во кревет.

“Сакам да сум атрактивна, но зошто да не обрнам внимание и на другите делови од телото? Вагината е потценета сосема неоправадно”, вели за Дејли Меил некогашната манекнка која има направено многубројни зафати, како лифтинг, ботокс и филери.

За овој зафат вели дека бил најдрастичен до сега.

“Во последно време немав многу секс. Се породив пред четири месеци, имам премногу обврски околу бебето, па не ми останува време за брачните активности. Сепак, сакам да се вратам на старите навики”.

Според нејзиното мислење секој кој ја критикува е лицемер, бидејќи нема ништо лошо во тоа што го сака најдоброто за себе. Вели дека не сака да страда и трпи поради тоа што е мајка. На децата им се посветува во текот на денот, а ноќе сака да му биде посветена на вереникот и на самата себе.

Loading...

Related posts