vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Несреќа во Скопје: Се преврте трактор управуван од 12 годишно дете

ECA

Вчера попладне на тампониран пат кој го поврзува надвозникот во село Кадино со викенд населбата се случила сообраќајна незгода во која трактор ТАФ со скопски регистарски ознаки, управуван од 12 годишно дете од село Идризово-Скопје  изгубил контрола и излетал од патот при што тракторот удрил во металната жичана ограда од автопатот.

По случената незгода детето со возило на Брза помош е пренесено во Ургентен Центар-Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржано на лекување.

 

Loading...

Related posts