vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Несреќен случај што го потресе Кичево: Маж сечејќи дрва ја усмрти сопругата

ECA

Трагедија вчера околу 10 часот се случи во атарот на кичевското село Драгов дол на местото викано Убрега.

Имено, додека М.И. (71) од Скопје сечел дрва, едно од дрвата паднало врз неговата сопруга В.К. (70).

Жената се здобила со тешки повреди, контузија на черепот и крварење и починала на лице место.

Полициски екипи извршиле увид на местото во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Loading...

Related posts