vesti24.mk
ЗАБАВА СВЕТ

Неверојатниот живот на 26-годишниот син на Хју Хефнер кој пораснал окружен со зајачици

ECA

Купер Хефнер е најмладиот син на основачот на Плејбој, Хју Хефнер, и судејќи по се, негов наследник. 26-годишниот Купер има големи планови токму тој да биде човекот кој ќе однесе Плејбој во иднината и ќе му даде ново руво.

Младиот Хефнер веќе стекнал некои навистина завидни искуства и положби. Моментално има титула главен креативен директор на “Playboy Enterprise”, ја основал младата медиумска компанија “HOP” и војник е на калифорниските одбранбени сили. На Инстаграм го следат 106.000 луѓе, а свршен е со Скарлет Бурн, актерка која се прославила со улогата на Пенси Паркинсон во Хари Потер.

Роден е на 4. септември, а негова мајка е Кимберли Конрад, убавицата која во 1989. година била избрана за Плејбој зајачица на годината. Истата година се омажила за Хју, со кого официјално била до 2010. година, иако престанале да живеат заедно уште во 1998. година.

Купер го има и постариот брат Марстон, со кого пораснал во Плејбој вилата. “Додека моите родители беа заедно, беше многу “благо” во Плејбој вилата. Забавите се претворија во “black tie” настани, претпоставувам по барање на мојата мајка”, рекол тој во една прилика за “New York Post”.

Кога во 1998. година се разделиле, Хју на неговата мајка и изградил куќа веднаш до Плејбој вилата, а Купер и Марстон живееле во двете куќи. “Кога тато имаше интересни забави, имаше дадилки кои внимаваа јас и брат ми да останеме во куќата”, вели Купер.

Купер има и полубрат и полусестра, 62-годишниот Дејвид и 64-годишната Кристи Хефнер, кои се родени во првиот брак на Хју со Мајли Вилијамс.

Купер се вработил во Плејбој на 21 година, но во 2016. година накратко ја напуштил компанијата. “Сакав да учествувам во изградба на релевантна стратегија на брендот, стратегија која може да го доведе Плејбој до мојата генерација. Меѓутоа, ми стана јасно дека тоа нема да биде можно поради тогашното водство, па си заминав, како протест”, објаснил тој. Во текот на неговото отсуство, списанието престанало да објавува голи фотографии и бројот на претплатници драстично се намалил.

View this post on Instagram

Travels #throwbackthursday

A post shared by Cooper Hefner (@cooperbhefner) on

Кога Хју отстапил во 2016. година, Купер се вратил во компанијата и ја преземал улогата која ја има и денес. Неговата прва цел била да ја врати голотијата, сакал тоа што Хју го изградил да остане автентично.

На Инстаграм редовно споделува фотографии од секојдневниот необичен живот. Често игра покер окружен со зајачици, голем фан е на Лејкерс и не пропушта ниеден натпревар. Може да се пофали со завидна колекција на автомобили, редовно лета со приватниот авион на Плејбој, а често патува и на егзотични дестинации.

View this post on Instagram

Game night at our offices in Beverly Hills #PlayboyHQ

A post shared by Cooper Hefner (@cooperbhefner) on

Сепак, најмногу време минува со својата свршеничка, која ја запросил во 2015. година.

View this post on Instagram

Lakers time

A post shared by Cooper Hefner (@cooperbhefner) on

“Моето гледиште за сексот е многу поразлично од повеќето други луѓе. Зборувате со некој чија мајка била во Плејбој. Затоа не гледам ништо чудно во сексот, се додека луѓето не го направат чуден”, рекол тој за “New York Post”.

 

Loading...

Related posts