vesti24.mk
ВЕСТИ

Невреме ја зафати Македонија – оштетени возила

ECA

Пет патнички моторни возила од кои четири во Тетово и едно во Гостивар се оштетени како последица на невремето  проследено со силен ветер и пороен дожд што доцна попладнево го зафати полошкиот регион, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според пријавите што до полицијата ги доставиле граѓани, едно возило било оштетено на улицата „Димо Гавроски Кара“ во Тетово откако од силниот ветер било откорнато дрво што паднало врз возилото. Две возила биле оштетени во населбата Шипад во Тетово откако врз нив паднал лимен покрив, а едно возило е оштетоно на улицата „Љуботенска“ откако силниот ветер подигнал деведесеттина цигли.

– Во гостиварско во Долна Бањица било оштетено Пежо 206, сопственост на 26 годишен жител на населбата откако додека било во движење врз него паднале лимови што биле оставени на улицата, а ги подигнал ветерот. Штетата во овој случај се проценува на околу 30 илјади денари, рече Јосифоски.

извор:пресс24

Loading...

Related posts