vesti24.mk
СВЕТ

Невреме во Буенос Аирес: Има мртви, без струја останале100.000 луѓе

ECA

Силното невреме кое во текот на викендот го зафатило главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, однело два човечки животи, предизвикало хаос во градот и околината и оставило десетина илјади домаќинства без струја.

Струјата убила еден 42-годишен човек и неговиот 17-годишен син во округот Трес де Февререо на работ на аргентинскиот главен град, потврдил градоначалникот Диего Валенцуела за локалната телевизиска станица “TV Noticias”.

Олујата во текот на ноќта меѓу саботата и неделата предизвикала хаос во градот и околината, а локалните медиуми известиле дека без струја останале 100.000 луѓе.

Во Ел Паломаро, северозападно од Буенос Аирес, се урнал кровот на едно училиште, додека во соседниот град Ла Плата екстремните временски прилики предизвикале бројни потешкотии.

изворЧточка.ком.мк

Loading...

Related posts