vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА СВЕТ

Ни доаѓа најстрашен студ досега! Земјата ќе се најде во ледени окови

ECA

Научник на НАСА предупредува дека не чека најстрашното замрзнување во модерната историја и дека Земјата ќе биде во ледена прегретка, бидејќи Сонцето влегува во еден од своите минимуми, носејќи рекордно ниски температури.

Сончеви пеги немало во речиси сите претходни месеци во 2018. година, а ултравиолетовото зрачење нагло опаднало. Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека големиот студ со рекордно ниски температури допрва доаѓа.

“Трендот на ладење е очигледен” вели Мартин Млинчак, од истражувачкиот центар на НАСА – Ленгли.

“Високо над Земјината површина, во близина на работ на вселената, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Ако сегашните трендови продолжат, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, најстудени во космичката ера”.

Овие податоци ги открил инструментот “Сајбер” на сателитот на НАСА “Тајмд”, кој ги следи емисиите на јаглерод-диоксид и азот-оксид, две супстанци кои играат клучна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.

Со мерење на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, “Сајбер” може да ја утврди топлотната состојбана гасот на самиот врв на Земјината атмосфера, односно во слојот кој научниците го нарекуваат термосфера.

“Термосферата секогаш се лади во текот на Сончевиот минимум и тоа еден од најважните начини на кои 11-годишниот Сончев циклус влијае на нашата планета”, објаснува Млинчак.

Кога 11-годишниот циклус на сончеви промени се приближува до крајот, термосферата е близу до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека “тоа би можело да се случи за неколку месеци”.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts