vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ

Никој не сака коалиција со Рама

ECA

Албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија категорично ја отфрли можноста за коалиција со досегашниот владин партнер Движењето за социјалистичка интеграцја (ЛСИ) по изборите на 25 јуни, но не ја отфрла таа можност со Демократската партија.

Прашан дали отфрла можна коалација со ДП, Еди Рама, гостувајќи во телевизиска емисија, синоќа изјави дека „секое сценарио е отворено врз основа на одлуката на народот“.

На тоа експресно му возврасти Илир Мета, екс лидер на ЛСИ и шеф на државата, велејќи дека со оваа изјава Рама му ја олеснил работата и оти ЛСИ е подготвена да соработува со СП, но, без Рама.

– Двоецот Рама-Баша нема никакви шанси да добие 71 пратеник.Има премногу разочарани социјалисти и демократи.Исто така има и многу други партии кои секако ќе добијат пратенички места.Ги повикувам сите оние граѓани кои се изморени од политката да ја изберат потребната алтернатива,-порача Мета.

На Рама негатвен одговор му даде и лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој изјави дека коалиција со СП е неможна,бидејќи „реформите не се реалзираат така“.

– Не е можна коалицијата со СП, бидејќи реформи не се реализираат така. Јас велам намалување на даноците,тој вели зголемување.Знаи такво нешто е неможно во Албанија.Договорот со Рама беше за слободни и фер избори но не и за влада,- изјави Баша.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат во недела, на 25 јуни, а денеска на полноќ настапува изборниот молк.

извор:либертас

Loading...

Related posts